Top Sport

Украл дрес од клупскиот фан-шоп, а во полиција рекол – „Полудев поради Рома и Мурињо“

Фудбалерите на Рома имаат историска можност да влезат во историјата како први носители на Лигата на конференциите на 25 мај, а Жозе Мурињо би бил прв тренер што ќе го освоија трофејот од ова натпреварување, заедно со оние од Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Ниту ремито (1:1) против Венеција во саботата не ја наруши еуфоријата кај навивачите на „волчицата“, а пример за тоа е кражбата на дресови во клупската продавница.
Навивачот беше фатен, но овој чин набрзо го оправда со „ефектот Мурињо“.

„Полудев поради Рома и Мурињо, ќе играме финале во Конференциската лига на УЕФА. Не можев да одолеам, а да немам нов дрес“, рекол навивачот во полиција, а пренесува „Кориере дело спорт“.

Рома пред последното коло има само бод повеќе од Фиорентина во борбата за Лига Европа, а ако случајно работите тргнат наопаку на гостувањето во Торино, шансата за корекција е на финалето во Тирана пет дена подоцна.

Доколку победи Рома ќе избори директен пласман во Лига Европа, без разлика на која позиција ќе заврши во првенството.

Scroll to Top