Педесет години од последниот европски трофеј на Глазгов Ренџерс, менаџерот на шкотскиот великан, Џовани ван Бронкхорст вели дека неговите фудбалери мора да се подготвени да станат херои и утре да го совладаат Ајнтрахт Франкфурт во финалето на Лига Европа во Севилја.
Ренџерс во финалето на Купот на победници на купови во 1972 година со 3:2 го совладаа тимот на Динамо Москва на „Ноу Камп“ во Барселона, и Ван Бронкхорст, кој стана фудбалер на Ренџерс во 1998 година, пред лани да се врати како менаџер на тимот, вели дека знае што значи тоа а клубот. Тогашниот капитен на Ренџерс, 79-годишниот Џон Креиг беше помошник на тренерот Дик Адвокат во 1998 година, кога Ван Бронкхорст пристигна на „Ајброкс“.
„Џон уште ни ја раскажува приказната. Тој е вистинска легенда. Во мојата прва година тука веднаш ја сфатив неговата големина. Им кажав на моите фубалери дека имаме две големи финалиња, и дека во Севилја ќе имаат шанса да бидат легенди на овој клуб. За 10, 20, 30 години да ги раскажуваат приказните“, вели Ван Бронкхорст.