Top Sport

Шкртел во пензија по 21 години во фудбалот

Поранешниот бек на Ливерпул, Мартин Шкртел се повлекува од професионалниот фудбал по 21 година, велејќи дека здравјето не му дозволува да продолжи на емотивна прес-конференција во Словачка.

Шкртел помина осум сезони на „Енфилд“, пред во 2016 година да направи трансфер во Фенербахче, каде што остана три години, за да замине во Аталанта, каде што му беше раскинат договорот по само три недели. По ова тој играше во Башакшехир, пред лани да се врати во својата татковина во тимот на Спартак Трнава.

„Време е да го следам умот, а не срцето. Со тоа што дојдов во Трнава, го исполнив мојот сон. Имам проблем со забите, кој ми предизвикува маки не само во фудбалот, туку и во обичниот живот. Имам проблеми и со движењето, не можев да пешачам со мојот син стотина метри. Затоа решив мечот против Дунајска Стреда да биде мојот последен“, изјави Шкртел.

Scroll to Top