Нотингем форест и Хадерсфилд ќе играат во мечот кој „тежи“ милиони фунти – баражот за влез во Премиерлигата, откако вечерва Нотингем загубија дома од Шефилд јунајтед со 1:2, за да си ја уништат предноста од првиот натпревар, по што во пенал-драмата добија шанса по подолга пауза да се вратат во елитата.
Форест имаа 2:1 победа во првиот меч на гости кај Шефилд, и откако поведоа во 19. минута преку Џонсон, изгледаше дека пласманот во баражот е само рутина. Меѓутоа, Шефилд се вратија и со головите на Гибс-Вајт (49.) и Флек (75.) изборија продолжувања.
Во двете продолженија немаше голови, така што победникот се решаваше на пенали – гостите трипати беа неуспешни и Форест со 3:2 обезбеди пласман на „Вембли“, каде што на 29 мај ќе се судрат со Хадерсфилд. Фулам и Бурнемаут веќе се премиерлигаши со освоените први две места во Чемпионшип.