Екипата на Орландо Меџик „победи“ на драфт лотаријата, па годинава ќе го избере првиот пик на НБА драфтот. Вториот избор ќе го има Оклахома сити Тандер, екипа која собра дури 38 драфт-пикови во следните седум години.
Третиот пик ќе го имаат Хјустон Рокетс, четврти ќе бираат Сакраменто Кингс, а петти Детроит Пистонс кои имаа најголеми шанси да бираат први на драфтот.
Во првите десет ќе се најдат и Индијана Пејсерс, Портланд Трејлблејзерс, Њу Орлеанс Пеликанс, Сан Антонио Спарс и Вашингтон Визардс.
Њујорк Никс ќе го имаат 11.пик, 12. повторно се Тандер, 13. Шарлот Хорнетс, 14. Кливленд Кавалирс, а 15. повотрно Хорнетс.
НБА драфтот на програмата е на 23. јуни, а главни кандидати за прв пик се Паоло Банкеро, Џабари Смит, Чет Холмгрен, Енди Кец …