Борбата за опстанок во Премиерлигата добива поинаква димензија пред последниот викенд, откако Лидс јунајтед и Барнли, двата клуба кои уште немаат сигурен опстанок најавија тужба пртив Премиерлигата и Евертон, поради „сериозно нарушување“ на финансиските правила од клубот во Ливерпул.
Британските медиуми откриваат дека Барнли и Лидс со писмо ги известиле Премиерлигата и Евертон дека го заддржуваат правото за легална битка, барајќи истрага за тоа како Евертон дозволиле последните три години да работат со загуба од фантастични 371.8 милиони фунти.
Според сегашните правила во Премиерлигата, клубовите смеат да одат во минус 105 милиони фунти во период од три години, и во спротивност може да бидат казнети со одземање на поени. Парите загубени поради пандемијата на КОВИД не се сметаат во овие загуби, но Лидс и Барнли тврдат дека Евертон има тројно поголема загуба од просечен премиерлигаш.
Инаку, Евертон вчера успеа да обезбеди опстанок во Премиерлигата, додека Лидс и Барнли влегуват во последното коло со ист број на поени, а Лидс има подобра гол-разлика.