Бразилскиот ветеран Тијаго Силва вели дека би бил пресреќен да остане на „Стемфорд Бриџ“ и четврта сезона, откако пристигна во Челси како слободен фудбалер од Пари Сен-Жермен во август 2020 и стана клучен дел од тимот на Томас Тухел со 82 настапи во две сезони.
Тој беше дел од тимот кој лани ја освои Лигата на шампионите, но следната сезона ќе стане слободен играч, а Челси уште не можат да склучуваат нови договори додека не се комплетира продажбата на тимот од Роман Абрамович на американскиот милијарер Тед Бели.
„Во Лондон сум како дома, јас и моето семејство. Доаѓаш тука за една сезона и не знаеш што ќе се случи, бидејќи многумина се сомневаат во тебе поради твоите години. Бев среќен да прифатам втора и трета сезона, а којзнае можеби и четврта. Кога дојдов тука, веднаш се чувствував убаво на стадионот, ја почувствував љубовта на фановите и во живо и преку социјалните медиуми. Целта мора да биде титулта од Премиерлигата. Тоа е сон за мене, нешто што навистина го посакувам“, вели 37-годишниот Силва.