Top Sport

Мбапе уште во декември добил „капар“ од 40 милиони од Реал Мадрид?

Килијан Мбапе крајно ги разочара навивачите на Реал Мадрид и ја остави управата на шпанскиот гигант во шок по одлуката да остане во Пари Сен-Жермен, иако според шпанските медиуми веќе добил 40 милиони евра „капар“ од „кралскиот“ во јануари.

ПСЖ со астрономска понуда успеаја да го убедат Мбапе да го продолжи престојот на „Паркот на принцовите“, одлука што наиде на брутална осуда во Шпанија, каде што дури и шпанската Ла лига го пријави ПСЖ до УЕФА за овој договор, опишувајќи го „скандалозен“.

Шпанскиот новинар, Томас Гонзалез-Мартин за „Бернабеу дигитал“ вели дека Мадрид веќе платиле дел од бонусот за потпишување договор уште во декември.

„Не бев изненаден од тоа што се случи минатата недела. Да ме прашавте пред 15 дена ќе кажев дека Мбапе ќе оди во Реал, бидејќи работите беа договорени. Тој веќе доби 40 милиони евра за премиум договорот во декември. Имаше пред-договор уште од 2021. Но, тој доби речиси 300 милиони бонус од ПСЖ и 90 милиони нето плата од ПСЖ, и се реши за парите, што покажува дека спортскиот успех не му е најважен“, вели Гонзалез-Мартин.

Scroll to Top