Поранешниот лидер на рок-бендот Оејзис, Ноел Галагер завршил во болница со конци на лицето откако добил случаен удар со глав од таткото на Рубен Дијаш во моментите кога двајцата ја прославуваа титулата во Премиерлигата на Манчестер сити.
Галагер, кој е долгогодишен фан на Сити, открива дека бил покриен во крв моментите откако тимот на Пеп Гвардиола се врати од 0:2 негатива за 3:2 победа над Астон вила.
„По третиот гол почна вистински хаос. Во близината каде што седев беше семејството на Рубен Дијаш. Додека скокав како идиот, подавајќи го мојот син како трофеј од Премиерлигата, сите го креваа. Се свртев и таткото на Рубен Дијаш доаѓа директно во мене, и завршив на подот во крв. Не ги гледав последните две минути, морав да одам да добијам конци. Имам конци на левата усна и две модри очи. За малку ќе ми ги избиеше забите. Пеп дојде, се гушкаме и ми вели, што ти се случило човеку? Неверојатно“, вели Галагер.
Noel Gallagher needed stitches after being accidentally headbutted by Rúben Dias’s father during Manchester City’s Premier League title celebrations at the Etihad Stadium https://t.co/Bfd1B89Yyr
— Times Sport (@TimesSport) May 23, 2022