Парадата за прославата на 19. титула на Милан не можеше да помине без провокација кон градските ривали Интер, откако и на славеничкиот автобус стигна транспарент со порака за тоа каде може да си го стават трофејот од Копа Италија.
„Росонерите“ освоија титула првпат по 11 години, наследувајќи ги токму Интер како италијански шампиони, додека „нераѕурите“ со победата над Јувентус го освоија трофејот од Купот. Фудбалерите на Милан, во прв план Раде Круниќ и Мајк Мањан, држеа банер со порака: „Можете да си го набиете Копа Италија во задникот“.
Интересно, ова не е првпат оваа порака да биде покажувана од фудбалери на Милан – во 2007 година, Масимо Амброзини ја имаше истата порака кога Милан ја освои Лигата на шампиони.
— CHAMPIONS OF ITALY ? (@MilanEye) May 23, 2022