Top Sport

Мареј: Вимблдон никогаш нема да биде егзибициски турнир!

Енди Мареј застана во одбрана на својот домашен гренд слем, Вимблдон, тврдејќи дека гренд слемот на трева „никогаш нема да биде егзибиција“ откако АТП и ВТА решија да ги одземат рејтинг-поените на турнирот поради нивната забрана за настап на руските и белоруските тенисери.

Одлуката на АТП и ВТА да ги казнат Вимблдон предизвика реакции кај дел од тенисерите, како јапонската тенисерка Наоми Осака, кои посочија дека е речиси беспредметно да се оди на Вимблдон и дека турнирот ќе наликува на егзибиција.

35-годишниот Шкотланѓанец не се согласува и вели дека поважно е да се освојуваат трофеи отколку поени.

„Го следам голфот многу детално и немам поим колку поени добива победникот на Мастерсот. Го гледам и фудбалот и никој не е загрижен за тоа колку поени ќе добие победникот на Светското првенство. Но, можам да ви кажам кој победил на Мастерс или на СП. На многу луѓе на Вимблдон за неколку недели нема да им е грижа колку поени се добива за победа во третото коло, но ќе се сеќаваат кој е победникот. Вимблдон никогаш нема да е егзибиција и нема да има чувство како егзибиција. Крај“, напиша Мареј на Твитер.

Scroll to Top