Top Sport

Модриќ: Не се грижете, нема да направам како Мбапе

Лука Модриќ се пошегува со Килијан Мбапе и неговата одлука да одбие трансфер во Реал Мадрид,одговарајќи на прашање за ситуацијата околу неговиот договор – хрватскиот ветеран станува слободен играч ова лето.

Шпанската јавност уште е во шок од одлуката на 23-годишниот Мбапе да пропушти „славен трансфер“ во Мадрид и наместо тоа да потпише богат тригодишен договор со ПСЖ, но 36-годишниот Модриќ вели дека навивачите на „кралевите“ не треба да се грижат за него.

„Уште не сум го обновил договорот, но нема да направам како Мбапе. Се надевам дека и клубот нема да ми го направи истото. Имаме одлични односи и повеќе пати сум кажал дека сакам да ја завршам мојата кариера тука“, вели Хрватот.

Scroll to Top