Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа, кој сигурно беше најдобар играч на „црвените ѓаволи“ минатата сезона, е блиску до продолжување на договорот со 20-кратниот шампион на Англија. Актуелниот договор на 31-годишниот Шпанец истекува следното лето, но тој наскоро ќе потпише до 2025 година.
Новиот договор е јасен показател дека Ерик тен Хаг исто така ќе се потпира на Де Хеа во наредните сезони и нема сомнеж дека искусниот шпански голман ќе продолжи да биде број 1 на „Олд Трафорд“.
Доколку де Хеа остане во Манчестер Јунајтед до 2025 година, тоа значи дека неговата кариера во клубот ќе трае 14 години.