Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, денеска во хотел „Парк“ го имаше официјалниот собир во пресрет на предвидените натпревари од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП што ќе се одржи во Романија и Грузија 2023.
На 2. јуни, на тренинг центарот „Петар Милошески” гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, младата селекција на Македонија ќе одигра меч против Украина во Истанбул, Турција.
Репрезентацијата на Македонија по двата последни квалификациски натпревари, на 10 и 12. јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Босна и Херцеговина во Скопје.