Top Sport

Гери Невил и Ришарлисон ги тролаат „лузерите“ Ливерпул

Иако нивните клубови не можеа да се пофалат со добра сезона, легендата на Манчестер јунајтед, Гери Невил и напаѓачот на Евертон, Ришарлисон решија да се потсмеваат со Ливерпул по нивниот пораз од Реал Мадрид во вчерашното финале на Лигата на шампионите.

Бразилецот Ришарлисон, кој претходно се потсмеваше со Ливерпул и по загубената титула во Премиерлигата (со ликот на Тјери Анри), овојпат објави фотошопирана слика со неговиот лик како возач на автобус, потсмевајќи се со навивачите на Ливерпул кои имаа проблеми со пристигнувањето на „Стад де Франс“ за финалето.

Невил, пак, објави видео на кое слави со неговите пријатели за поразот на лутиот ривал и на социјалните мрежи објави дека е нормално.

„Навистина е нормално да си среќен вечерва ако си навивач на Јунајтед. Мене ми е е.ано фантастично“, напиша Невил.

Scroll to Top