Францускиот спортски весник „Л’Екип“ ги додели своите оценки (вообичаено брутални) за фудбалерите во текот на финалето на Лигата на шампионите – Тибо Куртоа доби 9/10 за својот херојски настап на голот на Реал Мадрид, но неговиот соиграч Тони Крос доби само „тројка“, иста оценка како и Колумбиецот на Ливерпул, Луис Дијаз, но и неговиот менаџер, Јирген Клоп.
Само тројца играчи беа достојни да добијат рејтинг поголем од шестка од „Л’Екип“ – Куртоа, и Мохамед Салах од Ливерпул, како и Дани Карвахал, кој го „сопре“ Луис Дијаз, кој заслужи само тројка. Алисон Бекер на пример, доби само четворка, додека Трент Александер-Арнолд, кој според многумина беше виновен за голот на Реал Мадрид, доби дарежлива шестка.
Реал Мадрид имаше просек од 5.7, а Ливерпул 5.2, но Карло Анчелоти доби седумка, додека Јирген Клоп доби само тројка.