Top Sport

Анчелоти и на 62 години знае да танцува со младите

Иако пред неговото враќање на клупата на „Сантијаго Бернабеу“ имаше многу скептици, Карло Анчелоти уште еднаш покажа дека ќе биде запаметен како еден од најдобрите тренери во историјата со освојување на титулата од Лигата на шампионите со Реал Мадрид, откако лесно ја обезбеди и круната во шпанската Ла лига.

Покрај тоа што неговиот тим го покажа на теренот оваа сезона, најмногу изненадува и врската која 62-годишниот Италијанец ја направи со своите млади фудбалери, која прво се покажа со веќе славната фотографија од прославата на шпанската титула (линкот подолу), а сега снимките од „Стад де Франс“ го покажуваат во интересна прослава со Родриго, Винисиус Жуниор, Едуардо Камавинга и Ернесто Валверде. Легенда!

Прославата на Карлето стана хит на Интернет

Scroll to Top