Фудбалската репрезентација на Бугарија е првата пречка на Македонија во новото издание на Лигата на нации. Селекторот Јасен Петров побара помош од фановите, да ги наполнат трибините на дуелот в четврток во Разград и да им помогнат на фудбалерите да стигнат до позитивен резултат.
„Посакувам полни трибини за дуелот со Македонија. Очекувам навивачите да бидат тука за нас и да не бодрат во тешките мигови. Овие фудбалери го заслужуваат тоа“, изјави Јасен Петров.
Натпреварот меѓу Бугарија и Македонија е закажан за 2 јуни, со почеток во 18 часот на стадионот на Лудогорец.