Бенфика нема да ја продаде евтино својата ѕвезда Дарвин Нуњез. 22-годишниот Уругваец е цел на сериозен интерес од голем број европски гиганти. На „Луж“ знаат дека ќе биде тешко да го задржат во својот тим, но ќе сакаат да ја земат максималната сума од негова продажба, со оглед дека поставија цена од 120 милиони евра.
Нуњез е во трансферните планови на новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, кому многу му се допаѓаат неговите квалитети и сака да го доведе на „Олд Трафорд“. Сепак, нема да биде изненадување ако оваа сума и биде одбиена од „црвените ѓаволи“.
За уругвајскиот напаѓач се заинтересирани и Атлетико Мадрид, Ливерпул, Арсенал и Њукасл. Сепак, и овие клубови ќе бидат прилично шокирани од отштетата на Бенфика за својот најдобар играч.
Нуњез беше донесен во Бенфика од Алмерија за 24 милиони евра во 2020 година. За португалскиот клуб одигра 84 натпревари, постигна 47 гола и забележа 16 асистенции.