Поранешниот играч на Валенсија и Бенфика, Јонас, е еден од обвинетите за аферата „Офсајд“, во која се вмешани фудбалери, агенти и посредници. Тој беше уапсен на аеродромот во Лисабон по слетувањето од родниот Бразил, откако напредувала истрагата.
Јонас бил идентификуван по дојава на безбедносниот систем откако Интерпол имал судски налог да открие каде се наоѓа. Службата за имиграција на Португалија го приведе Јонас, а тој можеби ќе заврши и во притвор.
38-годишниот Бразилец е еден од обвинетите од Министерството за финансии, за фиктивни зделки меѓу физички и правни лица, за договори со играчи во португалската лига. Тој не е единственото познато лице кое е обвинето, бидејќи под истрага се и Данило Переира и неговиот договор со Порто и Бруно Цезар со Спортинг Лисабон.
Операцијата која трае од 2015 година и која до крајот на 2020 година доведе до шест истраги и вкупно 129 осомничени, вклучувајќи фудбалери, агенти, адвокати, спортски директори, спортисти и други поединци, како што е наведено од Даночната управа во јули 2021 година.
Веќе во ноември 2021 година, операцијата отиде во втората фаза, откако беа направени дваесетина претреси на објекти и домови на осомничените. Сомневањата се направени кривични дела квалификувани како даночна измама и перење пари, а во вредност од околу 15 милиони евра.
Во моментов клубовите како Бенфика, Порто, Спортинг Лисабон, Брага и Гимараеш потврдија дека се уште се предмет на истрага.