Уругваецот Федерико Валверде на шега изјави дека кога мора да го чува својот син му е потешко отколку да го „маркира“ Енди Робертсон по победата на Реал Мадрид над Ливерпул во неделата навечер во финалето на ЛШ.
Валверде даваше интервју на „Стад де Франс“ по победата со неговиот син на рамења, додека тој се обидуваше да го дофати медалот на фудбалерот. Кога беше запрашан како се справил со обидите за пробив на Робертсон од лева страна.
„Да го чувам мојот син е потешко отколку да го маркирам Робертсон“, изјави 23-годишниот Валверде.
Valverde “taking care of my son is harder than Robertson” brooooo ???? pic.twitter.com/Ryw8jIenkA
— WolfRMFC (@WolfRMFC) May 31, 2022