Пелистер ќе му се спротистави на актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром во големото финале, откако во „мајсторката“ во Битола со 91:83 (26:20, 16:18, 20:26, 29:19) го совлада Еуро Никел.
За битолскиот клуб ова е прво финале и прва шанса за титулата, но за да стигнат до деби трофејот треба да ги совладаат „металците“, кои имаат неверојатни девет титули во низа.
Пелистер се одвои во финишот на првата четвртина и на почетокот на втората, кога имаа 34:20 предност, но гостите од Кавадарци успеаја да се врата во игра, и да поведат со 64:60, пред Пелистер да одговори со 10 поени без одговор за обезбедување на победата.
Игор Кесар заврши со 25 поени за Пелистер, додека Џордан Калахан повторно беше најдобар за Еуро Никел со 22 поени.
Фото: КК Пелистер