Пауло Дибала наскоро како слободен играч ќе го напупти Јувентус. Времто ќе покаже дали челниците на „старата дама“ донесоа погрешна одлука, кога не му понудија нов договор на Аргентинецот. Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри фрли малку светло на ова прашање.
„Во еден период Дибала си мислеше дека е Меси. Почна сериозно да го копира, за да го достигне неговото ниво. Не можете да копирате некого. Мора да го изградите вашиот идентитет. Пауло има многу да му даде на фудбалот, има исклучителни технички квалитети. Но, тој мора да се фокусира на себе“, изјави Алегри.
Јувентус втора сезона по ред заврши на четвртото место во Серија А, што е далеку од амбициите на клубот.