Новак Ѓоковиќ, по четири часа голема борба загуби во четвртфиналето на Ролан Гарос од Рафаел Надал. Шпанецот победи во четири сета со 6:2, 4:6, 6:2 и 7:6 (4).
Српскиот тенисер не успеа да ја одбрани титулата освоена лани. Покрај неможноста да ја одбрани титулата, Ѓоковиќ по поразот остана и без првото место на АТП листата.
По 373 недели како број 1, од понеделник тој врвот ќе му го препушти на Данил Медведев или Александар Зврев.
Прашање е само кој од нив ќе биде прв, а кој втор. Русинот Данил Медведев, моментно вториот тенисер во светот, е елиминиран во осминафиналето на Ролан Гарос.
Доколку Зверев не го освои турнирот, Медведев ќе се врати на првото место, а Германецот ќе оди на второто место. Доколку Зверев победи во финалето на Ролан Гарос, тогаш ќе го преземе врвот на АТП листата, втор ќе биде Медведев, а трет Ѓоковиќ.