Легендата на светскиот фудбал, Роналдо Назарио ќе се качи на велосипед и ќе вози повеќе од 500 километри во четири дена до Сантијаго де Компостела откако неговиот клуб Реал Валјадолид успеа да се врати во првата шпанска Ла лига.
Роналдо, кој стана најголем акционер на клубот во 2018, откри дека ќе оди на аџилак од Валјадолид до Сантијаго де Компостела, последниот дел од историската Камино де Сантијаго (Патот на Св. Јаков) во пет етапи со неговата сопруга.
„За да ги прославиме влегувањето во Ла лига, ќе го исполнам ветувањето кое го направив кога испаднавме од лига. Ветив дека ќе одам на Камино де Сантијаго. Ќе го направам тоа со мојата сопруга Селин бидејќи не можам да трчам. Во недела ќе тргнеме од Валјадолид“, откри 45-годишниот Роналдо.
?? Ronaldo Nazário cumplirá la promesa que hizo en caso del ascenso del Real Valladolidhttps://t.co/Eyjj3nifg8
— ElDesmarque Valladolid (@DesmarquePucela) June 3, 2022