Новиот тренер на Фенербахче, Жорге Жесус потврди дека Месут Озил нема да заигра ниту под негово водство, велејќи дека се работи за „крај на ерата на Озил“, посочувајќи дека тоа е во најдобар интерес на клубот.
Озил нема заиграно за турскиот клуб од 20 март, кога беше исклучен од тимот по конфликт со преодниот тренер Исмаил Картал поради проблеми со физичката подготвеност. 67-годишниот Жесус го презеде клубот откако на Картал не му дадоа постојан договор.
„Тој го имаше своето време, својот простор. Има прекрасна историја во Турција и тоа никој не може да му го одземе. Светски познат играч, но јас ќе ја следам крајот на ерата на Озил во Фенербахче. Тука не е најважен ниту тренерот Жорге Жесус, ниту фудбалерот Озил, туку Фенербахче“, изјави Жесус.
Озил има вкупно 36 настапи за турскиот клуб по трансферот по раскинот на договорот со Арсенал во јануари 2021, кога изјаавуваше дека е остварување на сонот од детството да заигра за клубот.