Поранешниот фудбалер на Челси, Диего Коста ги откри своите необични моменти да се зближи со Н’Голо Канте додека биле соиграчи, вклучувајќи гушкање додека се туширале.
33-годишниот Коста во моментов е слободен играч откако си замина од бразилскиот шампион Атлетико Минеиро на крајот на 2021 и открива што се случувало додека бил во премиерлигашот.
„Во Челси, повеќе пати се обидував да го гушнам Канте. Тој е навистина срамежлив. Ќе се појавев гол на туширање и ќе му речев да ме гушне, и тој само бегаше и викаше: ‘Не, не, Диего’. Дури не ги соблекуваше гаќите кога се тушираше бидејќи беше срамежлив“, открива Коста.
Диего Коста помина три сезони во Челси, имаше 120 настапи и 59 гола, освојувајќи две титули од Премиерлигата.