Катар ќе ја врати контроверзната статуа на Зинедин Зидан и неговиот удар со глава на италијанскиот дефанзивец Марко Матераци на Светското првенство во 2006 година, како дел од подготовките за Мундијалот во арапската земја.
Петметарската статуа беше поставена во Доха во 2013 година, но беше отстранета по помалку од четири недели поради протести дека се прекршени исламските правила за прикажување на идоли.
Сега, статуата ќе има централно место во изложбата во новиот спортски музеј во Доха, потврди Хамад Бин Калифа Ал-Тани, шефот на музеите во оваааземја
„Зидан е голем пријател на Катар и вистински пример за сите во арапскиот свет. Со неговата скулптура ќе се покаже влијанието на стресот на спортистите на големите натпреварувања и важноста на менталното здравје“, вели Ал-Тани.