Португалскиот фудбалер и долгогодишен репрезентативец Бруно Алвеш стави крај на фудбалската кариера.
Алвеш (40) кој настапуваше за Аполон во Грција, на својот Инстаграм потврди дека заминува во пензија.
„Мојата фудбалска кариера е завршена. Благодарен сум на сите клубови, тренери и соиграчи со кои работев во текот на мојот спортски живот. Овој пат е готово, но ќе се отворат нови можности. Ви благодарам”, напиша Алвеш.
Алвеш играше за Порто, Зенит, Каљари, Фенербахче, Ренџерс и Парма. За португалската репрезентација одигра 96 натпревари, а во 2016 година ја освои титулата европски првак.