Top Sport

Звезда не го дава АБА-тронот – драматична победа по нов контроверзен меч против Партизан

Црвена звезда со 80:77 го совлада Партизан во „мајсторката“ на АБА-финалето за да ја освои својата шеста титула од регионалното натпреварување, со што се израмни со „црно-белите“ по бројот на трофеите по нов контроверзен меч во серијата.

Мечот во „Пионир“ започна бурно, кога кошаркарите на Партизан беа пречекани со петарди, за потоа судиите да побарат празнење на дел од трибините околу излезот теренот. По четвртата лична грешка на Никола Калиниќ во третата четвртина, навивачите на Звезда почнаа да фрлаат предмети на теренот, и судиите излегоа од теренот. Тие им дадоа 40 минути на организаторите да ја испразнат салата за мечот да може да продолжи.

Во драматичното продолжение на мечот, во последната четвртина се влезе со поен предност за Звезда (61:60), пред мечот да се одлучи со двете тројки во низа на Звезда, преку Калиниќ и Волтерс за 78:75 предност, која беше одржана до крај.

Scroll to Top