Португалскиот репрезентативец Ренато Санчез постигнал договор со Милан. Во Милано тој ќе има годишна плата од 3.000.000 евра.
Новинарот Фабрицио Романо тврди дека во наредните денови челниците на Лил и Милан треба да се договорат за висината на обесштетувањето за португалскиот фудбалер.
Проценките се дека актуелниот италијански шампион, за Португалецот ќе траба да плати 20.000.000 евра.
Санчез (24), доаѓа во Милан на местото од Франк Каси, кој треба да се пресели во Барселона.
Португалецот во 2016 година беше прогласен за најдобар млад фудбалер на Европското првенство во Франција.
Санчез кариерата ја започна во Бенфика, а во 2016 година како еден од најталентираните светски фудбалери се пресели во Баерн за 35.000.0000 евра.
Не се снајде најдобро во Минхен, една сезона играше како позајмен фудбалер во Свонси, а во 2019 година се пресели во Лил, каде што неговата кариера повторно тргна да се движи по нагорна линија.
Санчез е првиот трансфер на Милан по освојувањето на титулата во Италија.