Европскиот првак Реал Мадрид очекувано потврди дека Лука Модриќ останува во клуб откако потпиша нов договор. Претходниот договор на играчот од средниот ред истекуваше за три седмици, но сега е продолжен за нови 12 месеци.
Хрватскиот ветеран е на „Бернабеу“ цели 10 години.
Модриќ во септември ќе наполни 37 години, но, сепак, беше меѓу најдобрите во текот на минатата сезона. Тој даде огромен придонес за успесите во Лигата на шампионите и во Ла Лига.