Top Sport

Сањол: Македонија е квалитетна, но ние дојдовме по победа

Фудбалската репрезентација на Грузија има две победи од првите два натпревари во новото издание на Лигата на нации, а селекторот Вили Сањол потенцира дека тој и неговите фудбалери размислуваат само за успех и на утрешниот меч против Македонија во Скопје.

„Македонија е квалитетна репрезентација, ја респектираме, но секако сакаме да го продолжиме победничкиот чекор. Ако можевме да победиме на гости против Бугарија, ќе се обидеме тоа да го сториме и против Македонија. Нема да биде лесно, но ние сме подготвени и максимално мотовирани“, изјави селекторот на Грузија.

Македонија ќе ја пречека Грузија утревечер, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток во 20.45 часот.

Scroll to Top