Top Sport

„Грилиш мора да го подобри тактичкото знаење“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, по ремито со Германија во Минхен (1:1), ја открил најголемата мана на најскапиот англиски фудбалер, Џек Гричиш.

Според Саутгејт, фудбалерот на Манчестер Сити, мора да го подобри своето тактичко знаење доколку сака да има место во почетниот состав на „Гордиот Албион“.

Грилис (26) ги одигра последните 20 минути за Англија против Германија, во Лигата на нации.

„На почетокот на натпреварот, предизвикот за крилните играчи е да напаѓаат, да се бранат и да се обидат да постигнат гол, за што е потребно високо ниво на тактичко знаење. Ова е сегмент од играта што Грилиш мора да го подобри. Влијанието што го имаа тој и Џерод Боуен беше многу важно во нападот.“ изјавил Саутгејт за „Скај спорт“.

Грилиш има одиграно 21 натпревар за англиската репрезентација.

Scroll to Top