Top Sport

ФИФА утре ќе го исфрли Еквадор од мундијалот во Катар

Мексиканската телевизија „Азтека депортес“, доцна синоќа повикувајќи се на адвокатот на Чилеанската фудбалска федерација, објави дека ФИФА одлучила Еквадор да биде исфрлен од овогодинешното Светско првенство.

Проблемот наводно е во пасошот на еден еквадорски играч, а конечната одлука ќе биде објавена во петок.

Веста ја пренесоа некои јужноамерикански медиуми, а адвокатот Едуардо Карлецо изјавил дека е сигурен, дека од оваа одлука најмногу ќе профитира Чиле.

Имено, Чилеанците до ФИФА приложија докази дека Бајрон Кастиљо во квалификациите за СП настапувал за Еквадор со лажен пасош.

Карлецо вели дека Кастиљо со помош на еквадорските цивилни власти и тамошната фудбалска федерација ги фалсификувал сите документи и дека тој всушност воопшто не е Еквадорец. Адвокатот тврди дека фудбалерот е роден во Колумбија, дека неговите отпечатоци воопшто ги нема во еквадорските регистри и дека не смеел да игра за Еквадор.

„Родителите на Бајрон Кастиљо се родени во Тумако, Колумбија, Бајрон е роден во Тумака и таму е крстен. Нема докази дека тој има некаква врска со Еквадор и доказите се многу јасни“, изјави адвокатот на Чилеанската фудбалска асоцијација. .

„Азтека депортес“, пишува дека ФИФА ја донела одлуката Еквадор да биде исфрлен од Мундијалот, односно дека натпреварите на кои играл, Кастиљо да бидат регистрирани со резултат 3:0 за противниците.

Scroll to Top