Top Sport

Премиерлигата ги засилува мерките за сигурност на стадионите

Aнглиската Премиерлига ќе воведе засилени безбедносни мерки за спречување инциденти на стадионите. Предлогот беше усвоен едногласно на состанокот на раководството на фудбалските клубови, а тие се договорија да обезбедат дополнителни стјуарди при организација на мечевите. Во последните неколку кола од минатата сезона имаше случаи на влетување на навивачи на теренот.

Во последното коло, во кое Манчестер Сити ја освои титулата, навивач на „граѓаните“ го удри голманот на Астон Вила Робин Олсен при масовната инвазија на фановите теренот на стадионот „Етихад“.

Претходно слична инвазија имаше и од навивачите на Евертон, кога нивниот омилен тим победи со 3:2 Кристал Палас и обезбеди пласман во елитата. Менаџерот Патрик Виеира се степа со дел од навивачите на Евертон и случајот моментално е под истрага.

„Премиерлигата, исто така, ќе се обиде да го реши проблемот со внесување пиротехнички средства на стадионите. Од витално значење е секој што оди на натпревар да се чувствува безбедно. Приврзаниците мора да знаат дека во секое време е забрането да се влегува на теренот. Тоа е место за фудбал и во никој случај играчите, менаџерите и официјалните лица не треба да чувствуваат страв на ист начин како што навивачите треба да бидат мирни на трибините“, изјави извршниот директор Ричард Мастерс.

Scroll to Top