Украина, ја забележа втората победа во Лигата на нации, прва на „домашен“ терен. Украинците како домаќини играт во Лоѓ, Полска. Во Групата 1, во Б-дивизијата во Лигата на нации, Украина со 3:0 ја победи Ерменија.
Украина, откако не успеа да се пласира на СП во Катар, ја најавува кандидатурата за пласман во А-дивизијата во Лигата на нации.
По победата над Република Ирска, Украинците славеа и против Ерменија. До триумфот избраниците на Олександар Петраков дојдоа во последните 30 минути.
Головите ги постигнаа Малиновски во 61. минута, Караваев во 77.и Миколенко, во 84. минута.