Top Sport

Мареј го победи Кирјос во Штутгарт, во финалето против Беретини

Поранешниот светски рекет број еден Енди Мареј продолжува со блескавите партии на турнирот во Штутгарт. Британецот го победи Ник Кирјос и се пласираше во финалето на овој турнир. Мареј (35) го совлада Кирјос со 2:0 (7/6, 6/2).

Ветеранот, кој игра со вештачки колк, во претходната рунда го победи петтиот светски рекет Стефанос Циципас, поради што пол со самодоверба влезе во мечот со Кирјос. Првиот сет го доби во тај-брејк, откако ја искористи првата сет топка.

Во вториот Кирјос започна со своето вообичаено шоу. Влезе во расправија со еден навивач, беше казнет со одземање на еден поен, со што му овозможи на Мареј лесно да го добие сетот.

Мариј во Штутгарт ќе го игра второто финале сезонава. На почетокот на сезоната загуби од Аслан Карацев во Сиднеј.

За 47-та титула во кариерата ќе се бори со Матео Беретини, кој го совлада Оскар Ото со 7/6, 7/6.

Scroll to Top