Легендарниот италијанскиот фудбалски ас Андреа Пирло и е именуван за тренер на турскиот прволигаш Караѓумрук. Тој доби договор на една сезона и тоа е нова шанса 43-годишниот Пирло да направи пробив во тренерската професија, откако помина една сезона на чело на Јувентус (2020/21).
Како фудбалер, Пирло има 116 натпревари и 13 гола за италијанската репрезентација и е шампион од Светското првенство во Германија во 2006 година. На клупско ниво тој имаше голем број успеси, носејќи ги дресовите на Бреша, Интер, Реџина, Милан, Јувентус и на Њујорк Сити.
?Andrea Pirlo Karagümrük’te pic.twitter.com/p0etFDnxap
— VavaCars Fatih Karagümrük SK (@karagumruk_sk) June 12, 2022