Атлетичарката од Кенија, Беатрис Чепкоеч, постави нов светски рекорд на 3.000 метри стиплчез, на митингот од Дијамантската лига во Монако.
Чепкоеч до победата стигна со време 8:59.36 минути. Таа за неверојатни осум минути го подбри претходниот рекорд на Рут Џебет од Бахреин.
27-годишната Кенијка го оствари најголемиот успех во кариерата, бидејќи најдобриот пласман и беше четвртото место на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Чепкоеч, во Монако, за 16 секунди беше побрза од Кортни Фрерикс, додека третото место и припадна на Хјвин Кијенг.
![](https://topsport.mk/wp-content/uploads/2018/07/kaster.jpg)
Покрај Чепкоеч, на десеттиот митинг оваа сезона, во центарот на вниманието беа Кастер Семенја и Шона Милер Уибо.
Јужноафриканката Семенја постави нов рекорд на митингот на 800 метри. Таа го собири 35 години стариот рекорд на легендарната Јармила Кратохвилова. Семенја забележа резултат 1:54.60 минути.
На 400 метри Шона Милер Уибо од Бахамите го собори рекордот на Мари Жозе Перег поставен пред 22 години. Милер делницата ја претрча за 48:97 секунди.