Top Sport

18 години ова не и се случило на „Големата тројка“

На новата АТП листа прв е Данил Медведев, а втор Александар Зверев. Ова е прв пат од ноември 2003 година, на првото или второто место да нема член на „Големата тројка“, на светскиот тенис.

Новак Ѓоковиќ, човекот кој помина рекордни 373 недели на врвот, падна на третото место, а Рафаел Надал е четврти. Роџер Федерер, кој нема играно од минатиот Вимблдон, е на 68. место.

Вакво нешто последен пат се случило на 10.ноември 2003 година кога Швајцарецот беше трет на листата. Тогаш број 1 бил Енди Родика, а број 2 Хуан Карлос Фереро.

Овој исход би можел да биде продолжен за неколку месеци, бидејќи српскиот тенисер е спречен да ги брани поените на Вимблдон, а Надал не може да освои нови, додека Зверев и Медведев практично нема што да бранат, поради поразите во раната фаза од турнирот минатата година.

Scroll to Top