Top Sport

Расел: Под итно се потребни промени, некој може да настрада

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, побара итна реакција од челниците на Формула 1 поради „ефектот делфин“ со кој проблем имаа сите болиди на трката за Големата награда на Азербејџан.

По трката за Големата награда на Азербејџан, возачите се пожалија на болки во грбот поради скокањето на болидот.

„Прашање на време е кога ќе направиме ќе се случи голема несреќа. Едвај успеавме да го задржиме автомобилот на правците. Последните две свиоци ги поминавме со брзина од 300 km/h. Едвај можев да видам каде е зоната за сопирање од пилотската кабина. Во последниот свиок ѕидовите се од двете страни. Ова што го имаме сега е рецепт за катастрофа. Не верувам дека ќе издржиме три години како што е планирано како што е пропишано со новите правила. Нешто под итно треба да се промени“, изјави Расел за „Скај спорт“.

Следната трка ќе се вози на 19.јуни за Големата награда на Канада на патеката во Монтреал.

Scroll to Top