Британскиот тенисер Енди Мареј се повлече од турнирот во Квинс поради истегнување на стомачните мускули.
Поранешниот победник на Вимблдон низ годините имаше бројни проблеми со повредите, пред се со колковите, кои ги реши со операција, но неговата физичка состојба е далеку од најдобра, а за тоа сведочат и се почестите паузи.
Сега мораше да се откаже од настапот во Квинс, но е убеден дека ќе биде целосно подготвен за Вимблдон.
Мареј вчера загуби во финалето во Штутгарт од Матео Беретини, што беше негова прва борба за трофеј на трева од 2016 година.