Бразилецот Винисиус Жуниор (21) зад себе ја има една од најдобрите сезони во кариерата. На патот до титулата шпански првак за Реал Мадрид тој постигна 17 гола и дури 13 пати им асистираше на соиграчите. Покрај тоа, тој го постигна и победничкиот гол во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул, со што Реал по 14-ти пат стана европски шампион.
Раководството на Реал Мадрид подготви нов и многу подобар договор за бразилскиот ас. Винисиус досега заработуваше околу 3,5 милиони евра по сезона, а со новиот договор ќе има годишна плата од 10 милиони евра.
Единствената дилема е времетраењето на договорот. Претставниците на играчот и раководството на Реал Мадрид треба финално да се договорат дали „дилот“ ќе биде со важност до 2026 или до 2027 година.