Садио Мане е на чекор од Баерн Минхен.Сенегалецот ги договорил сите услови со Баерн, ќе добие договор на три години. Официјализирањето на трансферот на Дарвин Нуњез во Ливерпул ја турка и реализацијата на трансферот на Мане на „Алијанц арена“.
Ливерпул ги одби првите две понуди, а третата Баерн ја подготвува до крајот на оваа седмица и се очекува да не биде под 40 милиони евра, а тоа „црвените“ би можеле да го прифатат.
Мане по шест години реши да го напушти Ливерпул, а Баерн Минхен автоматски се очекува да го пушти Роберт Левандовски во Барселона.