Top Sport

Челси планира спектакуларен трансфер на Матијс де Лихт

Англискиот премирлигаш Челси сака да ја засили одбраната со холандскиот стопер Матијс де Лихт од Јувентус. Новото раководство на клубот ќе се обиде да го договори трансферот на одличниот дефанзивец, со оглед дека одбраната е најпроблематичниот дел од тимот на Томас Тухел во овој момент.

Јувентус исто така сака да го врзе Де Лихт долгорочно, но фудбалерот би сакал да ја слушне и понудата за преселба на „Стемфорд бриџ“.

Челси во моментот е подготвен да плати отштета од 80 милиони евра, а Јувентус бара дури 125 милиони евра за да му дозволи да замине од Торино.

Scroll to Top