Top Sport

Мората ќе добие уште една шанса во Атлетико

Јувентус не успеа да се договори со Атлетико Мадрид за Алваро Мората. Шпанскиот репрезентативец, последните две сезони играше како позајмен играч во Јувентус. За две години „страта дама“ плати 20 милиони евра за позајмицата.

Мората е миленик на тренерот Масимилијано Алегри. Тој смета дека Шпанецот може да му биде идеален партнер во нападот на Душан Влаховиќ.

Јуве се обиде, но не успеа да ги убеди луѓето од Атлетико да ја намалат сумата. Атлетико за напаѓачот бара 35 милиони евра.

Јувентус, понудиле пари 15 милиони евра и двајца играчи Мојсе Кен и Адриен Рабио или Денис Закарија. „Јорганџиите“ одбиле да го продадат напаѓачот.

По разделбата со Луис Суарез, Чоло Симеоне реши да го задржи Мората, бидејќи не може да најде напажач по негов вкус на трансфер пазарот.

Договорот на Мората со Атлетико истекува во летото 2023 година и тој ќе добие шанса да блесне на „Ванда Метрополитен“ следната сезона.

Мората дојде во Атлетико во 2019 година на позајмица од Челзи, следната сезона Мадрид го откупи неговиот договор за 55 милиони евра. На почетокот на сезоната 2020/2021, кога во тимот дојде Луис Суарез, Атлетико го испрати во Јувентус.

Јувентус сега ќе мора да се сврти кон други решенија во офанзивата, се споменуваат бројни имиња меѓу кои се Марко Арнаутовиќ и тандемот на Сасуоло Џакомо Распадори и Џанлука Скамака, а тука е и синот на Чоло Симеоне, Џовани, кој настапува за Верона.

Scroll to Top