Управниот одбор на Евролигата донесе одлука за суспензија на руските тимови, ЦСКА Москва и Зенит Санкт Петербург. „За“ гласале седум од 11 клубови со „А“ лиценца.
Наместо клубовите од Русија, во Евролигата ќе настапуваат Партизан и Валенсија, кои добија специјални покани.
За „црно-белите“ тоа ќе биде прва сезона во елитното клупско натпреварување од 2014 година, додека шпанскиот тим ќе се врати по пауза од една сезона.
Покрај Партизан од АБА лигата во Евролигата ќе учествува актуелниот шампион, Црвена звезда.
Евролигата за сезоната 2022/23 ќе изгледа вака
Анадолу Ефес
Реал Мадрид
Барселона
Олимпијакос
Монако
Олимпија Милано
Баерн Минхен
Макаби Тел Авив
Фенербахче
Црвена звезда
Басконија
АСВЕЛ
Алба
Панатинаикос
Жалгирис
Виртус Болоња
Партизан *
Валенсија *