НХЛ лигата потврди дека руските хокеари нема да можат да го однесат славниот Стенли куп во нивната татковина ова лето, прекинувајќи ја вообичаената традиција.
Членовите на шампионскиот хокеарски тим вообичаено го носат славниот трофеј во нивните земји по еден ден за парада, а и оваа сезона барем еден Русин ќе се радува на трофејот во финалето помеѓу Темпа Беј лајтнинг и Колорадо аваланш.
„Купот нема да оди во Русија или Белорусија. Можеби ќе должиме една посета во иднина. Може да се случи поместување, како за време на пандемијата, но ова лето не одиме“, вели Бил Дејли, заменикот-комесар во НХЛ
Во Темпа Беј играат Никита Кучеров, Андреј Василевски и Михаел Сергачев, додека нивниот руски соанродник, Валериј Ничушкин игра за Колорадо.
Инаку првиот меч од Стенли купот во Денвер во средата донесе 4:3 победа за Аваланш во продолженијата, а Русите беа клучни за резултатот – Ничушкин имаше две аситенции за Авс, додека Сергачев постигна гол, а Кучеров асистираше за Лајтнинг.