Дејвид Бекам открива дека „плачеле неконтролирано“ по славниот црвен картон против Аргентина на Светското првентсво во 1998 година, но додава дека не ја добил потребната поддршка од своите соиграчи.
Бекам доби црвен картон во осминафиналето против Аргентина, откако го клоцна аргентинскиот капитен Диего Симеоне, кој успеа да го испровоцира тогашниот фудбалер на Манчестер јунајтед. Англија беше поразена на пенали, а Бекам стана непријател број 1 на англиската јавност и на противничките навивачи.
„Тоа беше тежок шампионат, кој стана подобар, а потоа стана навистина лошо. Прво не бев избран за првите два меча, па се случи тоа со Аргентина. Не се обидував да направам поента, туку беше само еден момент во кој реагирав така. Момент на лудост, искрено. Кога ќе гледам назад на кариерата и на моментите за кои се каам, би сакал тоа да не се случеше. Но, од друга страна, да не беше така, можеби немаше да имам таква кариера. Можеби е престрого, но не добив доволна поддршка од соиграчите. Бевме млади. Засрамувачки, плачев без контрола, а тогаш поминуваше автобусот на Аргентинците, кои удираа на прозорците. Секој меч таа сезона, освен тие на ‘Олд Трафорд’ беше хорор. Секое ток-шоу, секое интервју, секое полнење на бензин во автомобилот поминуваше со навреди. Тогаш ме кренаа навивачите на Јунајтед. Се сеќавам на првиот домашен меч, кога одев да изведувам корнер, и цела трибина се крена. Така поминав низ тоа време“, вели Бекам во разговор со неговиот поранешен соиграч Гери Невил.